четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 71
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Роналдо плати 7,1 милиони евра за стан во Лисабон, најскапо платена недвижност во историјата на градот

Роналдо плати 7,1 милиони евра за стан во Лисабон, најскапо платена недвижност во историјата на градот

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, плати 7,1 милиони евра за купување на најскапиот стан во Лисабон. Ова е рекордна сума платена за еден недвижен имот во главниот град на Португалија.

Роналдо кој игра за Јувентус, а претходно беше во Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, не заборава од каде потекнува, па и станот има и поглед кон населбата во која тој живееше, кога беше многу сиромашен и почнуваше да тренира фудбал.

Раскошниот стан се наоѓа на најгорниот кат на една зграда, а меѓу другото има и спа центар, базен, сала за фитнес, и три големи спални соби. Поради ангажманот во Јуве, Роналдо сега живее во Торино, а по завршувањето на кариерата можеби ќе живее во Лисабон