четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Фудбал

Роналдо одби да ја носи ознаката на најдобar играч во Серија А

Роналдо одби да ја носи ознаката на најдобar играч во Серија А

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо одби на својот дрес да го носи беџот за најдобар играч во италијанскиот шампионат.

Според „Фокс спортс“, Португалецот го одбил знакот со кој Серија А го означува најдобриот фудбалер за минатата сезона. Според изворoт, Роналдо, кој беше признат како МВП на минатото првенство, не сака да се разликува меѓу играчите на Јувентус на овој начин.

Соодветните значки ги носат најдобрите играчи во другите категории:

најдобар голман – Самир Хандановиќ
најдобар дефанзивец – Калиду Кулибали
најдобар играч од средниот ред – Сергеј Милинковиќ-Савиќ
најдобар напаѓач – Фабио Кваљарела
најдобар млад играч – Николо Заноло