понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 146
home Фудбал

Роналдо никако да го победи вирусот- ситуацијата излегува од контрола, повторно позитивен на коронавирусот!

Роналдо никако да го победи вирусот- ситуацијата излегува од контрола, повторно позитивен на коронавирусот!

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Јувентус, повторно доби позитивен наод за текстот за коронавирус.

Тоа значи дека тој нема да може да игра против Барселона на мечот од Лигата на шампионите.

Според протоколот, Португалецот ќе мора да остане во изолација.

Во таа насока, тој нема да биде во конкуренција за натпреварот против големиот ривал, Лионел Меси.

Протоколот предвидува дека фудбалерот мора да добие потврда за надминување на вирусот најмалку седум дена пред натпреварот.

Роналдо немаше никакви симптоми на вирус во кое било време, се чувствува добро, но нема да може да се врати на редовните активности се додека не добие негативен резултат.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Барселона се игра во среда на 28 октомври во 21 часот.

Коронавирус