петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо незадоволен од трансфер-кампањата на Манчестер jунајтед

Роналдо незадоволен од трансфер-кампањата на Манчестер jунајтед

Стана познато поради која причина напаѓачот Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед. Постои можност Португалецот летово да замине во друга екипа.

Според новинарот Фабрицио Романо, фудбалерот е разочаран од настапот на клубот на трансфер-пазарот, но е многу задоволен од новиот тренер Ерик тен Хаг.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на август 2021 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна 24 гола и даде 3 асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на петкратниот освојувач на Златна топка, со клубот од „Олд Трафорд“ е до 30 јуни 2023 година. (МИА)

Коронавирус