сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 70
home Фудбал

Роналдо не ги почитувал мерките,министерот објави дека е под истрага

Роналдо не ги почитувал мерките,министерот објави дека е под истрага

Отворена е истрага против Кристијано Роналдо затоа што ја напуштил самоизолацијата во која биле играчите на Јувентус за да оди на натпревар на репрезентацијата на Португалија.

Веста за покренување истрага против најголемата sвезда на Јувентус ја објави министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, во интервју за РАИ.

Во Јувентус имало неколку играчи со коронавирус и требало да бидат во самоизолација, а Роналдо заминал на собир на репрезентацијата на Португалија без дозвола. Тој играл натпревари против Шпанија и Франција со репрезентацијата, а потоа дознал дека има коронавирус.

“Враќањето не е спорно, спорно е заминувањето на Роналдо од Торино. Кога замина, тој не го почитуваше протоколот и сега е под истрага”, рече Спадафора.

Роналдо, кој бил тестиран пред три дена и се уште е позитивен, најверојатно ќе биде казнет за овој потег.

Коронавирус