четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 187
home Фудбал

Роналдо не е во Торино, ама веројатно ќе оди во изолација во родната Мадеира

Роналдо не е во Торино, ама веројатно ќе оди во изолација во родната Мадеира

Првата ѕвезда на италијански Јувентус нема да оди во карантин во Торино, зашто тој воопшто не е во Италија, ама веројатно ќе има домашна изолација во родната Мадеира, каде замина веднаш по дербито со Интер за да ја посети својата мајка која преживеа мозочен удар.

Роналдо сега не може да се врати во Италија, ама бидејќи Јувентус започна постапка на изолација на своите фудбалери откако Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус, тоа значи дека веројатно и Португалецот ќе мора во 14-дневен карантин, кој можно е да го одлежи на родниот остров.

Инаку Роналдо требало во вторникот да се врати во Торино, но останал во Португалија од страв од коронавирусот.

„Роналдо не тренираше со Јувентус и засега во Мадеира, од каде чека понатамошен расплет на ситуацијата во Италија поради ширењето на коронавирусот“, објави торинскиот гигант.

Португалија ги откажа сите летови кон Италија, како и многу други земји, па Роналдо сега останува дома. Ругани на мечот со Интер беше резерва, а пет дена поминаа од тој меч што се поклопува со првиот период на инкубација и појава на симптомите на коронавирус кај заразените лица.

Коронавирус