четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Фудбал

Роналдо: Меси ме направи подобар играч, како и јас него

Роналдо: Меси ме направи подобар играч, како и јас него

Многу се напишало за споредбите меѓу двете светски суперeрsвезди Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Вообичаени се и шпекулациите за нивната врска. Овој пат португалскиот напаѓач на Јувентус сподели што мисли за Аргентинецот.

-Нема сомнение дека Меси ме направи подобар играч, како и јас него. Ривалствата се добри, тие се здрави – во фудбалот и во кој било друг спорт. Имам голема восхит за кариерата на Лео, и тој изрази жалење дека ја напуштив Ла Лига. Тоа е затоа што имавме ривалство што тој го сакаше. Тоа е сосема нормално – корисно ривалство што постои во фудбалот. Имаме многу добро професионално разбирање, рече Роналдо.

На прашањето дали некогаш вечерал со Меси, освојувачот на пет „Златни топки“ вели: „Не, но можеби во иднина – зошто да не? Не би имал проблем со тоа – тој е Аргентинец, како и мојата девојка“. (МИА)