понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Фудбал

Роналдо, Меси и Мбапе во идеалниот тим на ФИФА

Роналдо, Меси и Мбапе во идеалниот тим на ФИФА

Во идеалните 11 според изборот на „ФИФА best awards“, се наоѓаат Алисон, Де Лихт, Ван Дајк, Рамос, Марсело, Де Јонг, Азар, Модриќ, Роналдо, Меси, Мбапе.

Јасна доминација на Реал Мадрид кој има четири фудбалери на оваа листа: Рамос, Марсело, Модриќ и Азар, иако може да се каже дека Белгиецот тоа место го доби благодарение на добрите игри во Челзи.

Барселона, Јувентус и актуелниот европски шампион имаат по двајца играчи: Де Јонг и Меси (Барса), Алисон и Ван Дајк (Ливерпул), Кристијано Роналдо и Де Лихт (Јувентус), а тука е и Килијан Мбапе од редовите на ПСЖ.

На ваков тим секако му е потребен тренер, а избран е сегашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп.

Коронавирус