недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 46
home Фудбал

Роналдо: Лигата на шампионите е мој турнир, сакам да играм тука

Роналдо: Лигата на шампионите е мој турнир, сакам да играм тука

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо по победата над Баер (2:0) изјави дека сака да игра во Лигата на шампионите. Според него, во второто полувреме италијанскиот првак одигра одлично.

– Па, вечерта во Лигата на шампионите заврши. Ова е мој турнир, го сакам, сакам да играм овде. Но, главната работа е тимот. Во второто полувреме одигравме извонредно и постигнавме два гола. Поминавме низ групната фаза без ниту еден пораз и ја освоивме групата, затоа сме задоволни од нашето достигнување и со доверба гледаме во иднината, изјави Роналдо.

Јувентус групната фаза ја заврши со пет победи и еден нерешен резултат, убедливо на првото место со 16 бода, пред Атлетико Мадрид кој освои 10, Баер Леверкузен застана на 6, Локомотив Москва 3.

Коронавирус