среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Како дете сонував да играм за Јувентус

Роналдо: Како дете сонував да играм за Јувентус

Кристијано Роналдо го имаше првото интервју за Јувентус ТВ и признава дека го следел клубот уште како дете и секогаш сонувал да игра за италијанскиот гигант.

Еден од моментите кои го натерале да потпише за Јуве сигурно се и стоечките овации кои лани ги доби од навивачите на „старата дама“ за време на дуелот Јувентус – Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Портуталецот ги изненади сите кога реши да го напушти Реал Мадрид, но што го натера да се пресели во Јувентус?

-Прво и основно ова е голем клуб. Уште како дете го следев овој клуб и се надевав дека еден ден ќе можам да играм тука. Сега ќе играм за фантастичен клуб, еден од најголемите во светот, среќен сум. Немаше точен момент кога одлучив да играм за Јуве. Изминатите години често играв против Јувентус и имав чувство дека италијанските навивачи го сакаат Роналдо. Ова е најголемиот клуб во Италија и еден од најголемите во светот, па одлуката беше лесна“, вели Роналдо.

Тој се присети и на дуелот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус во Торино во рамки на четвртфиналето во Лигата на шампионите и аплаузите кои ги доби од „тифозите“ по голот со ножички.

-Беше неверојатно. Се сеќавам убаво на тој ден. Такво нешто никогаш ми се нема случено претходно. Во ЛШ, против Јуве во четвртфиналето, постигнуваш гол и гледаш дека сите на стадионот ти аплаудираат. Тоа беше неверојатно чувство“, додава Португалецот.

Коронавирус