среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 166
home Фудбал

Роналдо: Јувентус е чекор напред во мојата кариера, му благодарам на еден од најголемите клубови во светот што ми даде шанса

Роналдо: Јувентус е чекор напред во мојата кариера, му благодарам на еден од најголемите клубови во светот што ми даде шанса

Во прес центарот на Алијанц стадионот во Торино, официјално презентиран пред новинарите и фудбалската јавност беше Кристијано Роналдо, новиот фудбалер на најголемиот италијански клуб Јувентус.

Роналдо во Јувентус премина од Реал Мадрид во трансфер вкупно вреден 112 милиони евра, од 100 милиони одат на сметката на клубот од Мадрид, на две рати.

Тој потпиша четиригодишен договор, а ќе заработува околу 30 милиони евра во сезона.

Португалецот ги мина лекарските прегледи, го виде тренинг кампот на Јувентус во Виново, а потоа од Алијанц стадионот се обрати пред јавноста.

-Јувентус е чекор напред во мојата кариера и му благодарам на еден од најголемите клубови во светот што ми укажа шанса, кажа помеѓу останатото Кристијано.

Тој на промоцијата дојде со девојката Георгина, синот Кристијано Јуниор и мајката Марија Долорес.

 

Коронавирус