вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Фудбал

Роналдо: Јунајтед ништо не направи за да победи

Роналдо: Јунајтед ништо не направи за да победи

Кристијано Роналдо го постигна својот првенец во дресот на Јувентус во Лигата на шампионите, но тоа не беше доволно да се избегне поразот од Манчестер.

-И покрај доминацијата во текот на сите 90 минути им дозволивме да ги освојат бодовите. Јунајтед ништо не направи за да победи. Ние пропуштивме шанса да го решиме натпреварот и покрај многуте шанси. Немавме ниту среќа во одредени моменти, изјави Роналдо.

Португалецот смета дека нема простор за паника и дека Јувентус е во добра форма.

-Ни оди добро и во домашното првенство и во ЛШ и не треба да не загрижува овој пораз. Продолжуваме со напорна работа, вели Роналдо.