сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Фудбал

Роналдо ја пропуштa американската турнеја на Јувентус

Роналдо ја пропуштa американската турнеја на Јувентус

Кристијано Роналдо нема да отпатува со Јувентус на Меѓународниот куп на шампионите во САД, потврди италијанскиот клуб.

Во понеделникот Роналдо официјално беше претставен како член на Јувентус, а на подготовките на тимот ќе се приклучи на 30 јули.

Јувентус на турнејата во САД ќе игра и против поранешниот клуб на Роналдо, Реал Мадрид. Напреварот е закажан за петти август во Мериленд, но Роналдо нема да игра против својот поранешен тим.

Тој ќе остане во Торино да тренира заедно со играчите кои подоцна ќе му се приклучат на тимот, поради учеството на Светското првенство.

Новата сезона во Серија А ќе започне на 19 август.

Коронавирус