петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ја избра куќата во Торино: Ќе живее во вилата каде порано живееле Зидан и Канаваро (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Роналдо ја избра куќата во Торино: Ќе живее во вилата каде порано живееле Зидан и Канаваро (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Шпанските, италијанските, португалските и многу други светски медиуми објавуваат дека прашање на часови е кога Кристијано Роналдо ќе го потпише својот договор со Јувентус.

Последните информации пак велат дека Кристијано се очекува утре во текот на денот да пристигне на медицински прегледи во „Ј Медикал“, додека пак потписот и официјалното претставување во седиштето на клубот, а после тоа и на стадионот е закажано за во сабота.

Инаку, италијанскиот весник „Тутоспорт“ пишува дека Роналдо веќе ја избрал својата куќа во Торино. Агентот за недвижности, Чезаре Фурбато, како што пишува весникот го потврдил интересот за оваа вила, во која во минатото имаат живеено Зинедин Зидан и Фабио Канаваро.

Коронавирус