четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 52
home Фудбал

„Роналдо и во петтата деценија би можел да игра во Премиерлигата!“

„Роналдо и во петтата деценија би можел да игра во Премиерлигата!“

Неверојатната физичка подготвеност на Кристијано Роналдо е одамна познат факт, поради што тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле-Гунар Солшер е убеден дека Португалецот ќе може да игра на професионално ниво дури и по својата 40. година.

Неверојатниот напаѓач во моментов има 36 години, но тоа не го спречи да има фантастично враќање во Премиерлигата и тоа со четири постигнати голови на само три натпревари.

„Не би бил изненаден ако тој игра и по наполнетата 40 години, пред сѐ поради начинот на кој се грижи за себе. Секако, Важни се и гените. Тој секоја енергија што ја има во телото ја дава за да биде тоа што е, ја заслужува секоја пофалба што ја добива за својата физичка состојба. Тоа што е уште поимпресивно е што и покрај сетоосвоено досега, тој сѐ уште е гладен за трофеи“, изјави Солшер.

Локални избори 2021