сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 43
home Фудбал

Роналдо го постигна 750. гол во кариерата

Роналдо го постигна 750. гол во кариерата

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо се истакна во натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Динамо Киев (3:0). За 35-годишниот напаѓач, овој погодок беше 750. настапувајќи за клубовите и репрезентацијата на Португалија.

Точно 10 проценти од нив (75) тој ги постигна во дресот на Јувентус.

Роналдо постигна 5 гола за неговиот матичен клуб Спортинг, 118 за Манчестер јунајтед, 450 за Реал, 102 за националниот тим.

Кристијано е лидер по бројот на голови во Лигата на шампионите (132), а во историјата на репрезентациите е втор по Иранецот Али Даеи кој има 109.

Коронавирус