среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо го донесе првиот трофеј на Јувентус сезонава

Роналдо го донесе првиот трофеј на Јувентус сезонава

Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо донесе прв трофеј на италијанскиот хегемон Јувентус во оваа сезона.

Португалската ѕвезда го постигна единствениот гол во победата од 1:0 над Милан за Суперкупот на Италија. Натпреварот беше одигран во Џеда, Саудиска Арабија.

Уште два погодоци на „бјанконерите“ беа поништени поради офсајд, а Патрик Кутроне погоди греда при 0:0. Во 73-тата минута „црвено-црните“ останаа со играч помалку на теренот, откако Франк Кеси беше избркан со директен црвен картон.

Со успехот Јувентус го освои трофејот по осми пат, со кои се на врвот пред „росонерите“, кои остануваат со 7.