сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 45
home Фудбал

Роналдо ги мотивирал соиграчите пред дуелот со Њукасл: Се вратив од две причини…

Роналдо ги мотивирал соиграчите пред дуелот со Њукасл: Се вратив од две причини…

Кристијано Роналдо во саботата го имаше второто деби за Манчестер Јунајтед и веднаш постигна два гола за клубот чиј член беше и од 2003 до 2009 година.

Иако новодојденец во актуелниот состав, пред мечот тој одржал говор пред соиграчите во обид да ги мотивира.

-Се вратив од две причини. Првата е дека го сакам клубот, а втората бидејќи го сакам победничкиот менталитет на овој тим. Не дојдов да бидам чирлидер. Треба да јадете, спиете и да се борите за овој клуб. Играле или не, морате да го поддржувате“, им рекол Роналдо на останатите фудбалери.

Очигледно неговите зборови допреле таму каде што требало, па Јунајтед славеше со 4-1 на враќањето на Португалецот.

Коронавирус