четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 56
home Фудбал

Роналдо е најплатениот фудбалер во светот оваа сезона

Роналдо е најплатениот фудбалер во светот оваа сезона

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, се најде на врвот на листата на најплатени фудбалери во светот во сезоната 2021/22 објави „Форбс“.

Португалецот е на првата позиција со сума од 125 милиони долари пред оданочување. Од нив, 70 милиони се плати, 55 милиони се приходи од рекламни договори.

По Роналдо следува напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси. Аргентинецот ќе заработи 110 милиони долари, од кои 75 милиони се плати, 35 се приходи од реклами.

Третото место му припаѓа на уште еден играч на Пари Сен-Жермен, Бразилецот Нејмар со 95 милиони (75 + 20).

Во Топ 10 најплатени фудбалери според Форбс уште се и: Килијан Мбапе (ПСЖ) – 43 милиони,  Мохамед Салах (Ливерпул) 41 милион, Роберт Левандовски (Баерн Минхен) 35 милиони, Андрес Иниеста (Висел Коби) 35 милиони, Пол Погба (Манчестер јунајтед) 34 милиони, Герет Бејл (Реал Мадрид) 32 милиони и Еден Азар (Реал Мадрид) 29 милиони долари.

Локални избори 2021