четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 128
home Фудбал

Роналдо: Дури сега почнува вистинското во ЛШ

Роналдо: Дури сега почнува вистинското во ЛШ

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, по поразот од Јанг Бојс во 6.коло од Лигата на шампионите, рече дека воопшто не е вознемирен и дека допрва следуваат вистинските возбудувања во елитното натпреварување.

– Сега сме во најдобрата етапа од Лигата на шампионите. Престојат многу важни натпревари. Јас сум мирен и свесен за потенцијалот на овој тим. И покрај поразот од Јанг Бојс ние сме позитивни. Играме многу добро во шампионатот и во Европа. Се чувствувам добро, не сум уморен, изјави Роналдо.

Јувентус заврши на првото место во групата пред Манчестер Јунајтед, Валенсија и Јанг Бојс.

Коронавирус