четврток, 6. август 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдињо во затворот во Парагвај учи занает, а еве и каков

Роналдињо во затворот во Парагвај учи занает, а еве и каков

Бразилската фудбалска легенда, Роналдињо почна да го изучува столарскиот занает додека е во затвор во Асунсион.

За новото хоби на екс играчот на Барселона јави ЕСПН при што потсетува дека фудбалерот е зад решетки поради обидот за нелегален влезе во Парагвај заедно со неговиот брат и во исчекување е на судење.

Роналдињо во саботата го прослави 40. роденден, а претходно неговата екипа го освои фудбалскиот турнир.

„Добро се чувствува, од сите е прифатен и за сите е легенда“, пишува ЕСПН.

Парагвајскиот суд неодамна го одби неговото барање да се брани од слобода поради страв од бегство. Властите моментно водат истрага дали тој и брат му се поврзани со организирана криминална група која се занимава со перење пари.

Коронавирус