петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Роналдињо пуштен од притвор, бил жртва на измама!

Роналдињо пуштен од притвор, бил жртва на измама!

Бразилската фудбалска легенда Роналдињо и неговиот брат Роберто избегнаа обвинување во Парагвај, откако влегоа во земјата со лажни патни исправи.

И двајцата беа уапсени по доаѓањето во земјата, а кај нив беа пронајдени лажни парагвајски пасоши и лични карти. Министерството за правда на Уругвај ги ослободи од обвинение за фалсификување на документи.

Тие признаа вина, но властите во Парагвај ги ослободија од кривично гонење бидејќи во текот на испитувањето изјавиле дека фалсификуваните документи ги добиле на подарок. Државниот обвинител заклучи дека и двајцата се жртви на измама и дека испаднале многу наивни, па најверојатно само парично ќе бидат казнети.

Наместо нив, на суд ќе се појави бизнисменот Вилмондес Соуса Лира, осомничен дека на Роналдињо и на Роберто им дал лажни документи.

Обвинителството во Парагвај побара превентивен притвор за него, но и за уште две лица осомничени дека учествувале во фалсификувањето на документите.

Коронавирус