четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдињо пред банкрот: Судот му ги одзема пасошите и му го блокира имотот

Роналдињо пред банкрот: Судот му ги одзема пасошите и му го блокира имотот

Судот во Порто Алегре блокираше 57 објекти кои се во имотна сопственост на еден од најдобрите фудбалери во историјата – Бразилецот Роналдињо. Ова се должи поради непочитување на правилата за животна средина и долг што се насобрал заради непочитување на овие правила. Износот на тој долге 2.3 милиони евра, пишува „Фоља де Сао Паоло“.

Властите го обвинија за уништување на природната средина во 2009 година во Порто Алегре заедно со својот брат. Бразилецот немал дозвола да изгради мост, но го направил на своја волја, поврзувајќи ја својата фарма со езерото Гуаиба.

Седумдесет метри од тој мост влегол во езерото, а во 2012 година судот наредил негово отстранување во рок од 30 дена. Но, Бразилецот не го испочитувал тоа, така што поради тоа му биле изречени казни.

Затоа судот му ги одзеде и неговите два пасоши, шпански и бразилски. Роналдињо, наводно, има големи финансиски проблеми и пред неколку месеци бразилските медиуми објавија дека имал само шест евра на негова сметка.

Извор: Спорт1

Коронавирус