сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

„Роналдињо е невин, наместен е од луѓето со кои се дружи брат му“

„Роналдињо е невин, наместен е од луѓето со кои се дружи брат му“

Поранешниот парагвајски репрезентативец Нелсон Куевас го посети Роналдињо во затворот во Асунсион, по што за медиумите во својата земја откри каква е состојбата во која се наоѓа поранешниот фудбалски „волшебник“.

„Роналдињо не е добар, исчезната е насмевката по која е препознатлив. Ги нема оние позитивни вибрации по кои сите го знаевме. Нормално е, моментно се наоѓа на место на кое не е навикнат, нема луксуз каков што вообичаено му е на располагање. Јас му ја понудив мојата куќа, во неа да остане во куќен притвор, но адвокатите одлучија поинаку“, истакна Куевас.

Сите досегашни обиди да се ослободи од притвор пропаднаа, Роналдињо се уште е зад решетки, но Парагваецот е убеден дека бразилскиот ас не е виновен за она за што е обвинет.

„Роналдињо не е виновен, наместен е. Неговиот брат се дружеше со лоши луѓе, Роналдињо не ни знаеше што се случува. Тој е жртва, но сеедно е дел од злочинот и дефинитивно си наштети на имиџот што го создаде низ фудбалот“, вели Куевас.

Коронавирус