Одбранбениот фудбалер на Тотенхем, Кристијан Ромеро е прогласен за најдобар играч во финалето на Лига Европа против Манчестер јунајтед (1:0).
Спарс го освоија својот прв трофеј од 2008 година и обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а ќе играат и со ПСЖ или Интер во Суперкупот на УЕФА.
Признание за Ромеро по натпреварот дојде и од противничкиот играч Алехандро Гарначо.
– Тој е најдобриот централен дефанзивец во светот, изјави Гарначо за „ESPN“.
Манчестер Јунајтед го загуби своето второ европско финале во низа.