четврток, 23. март 2023. Вести денес: 152
home Фудбал

Ромањоли повторно му донесе триумф на Милан со гол во судиското надополнување (видео)

Ромањоли повторно му донесе триумф на Милан со гол во судиското надополнување (видео)

Алесио Ромањоли на втор натпревар по ред постигнува гол во судиското надополнување и му носи три бода на Милан.

Росонерите триумфираа синоќа на гостувањето во Удине со 1:0 со гол постигнат во 90+7 минута.

Во претходната рунда Ромањоли во екстра времето го постигна победничкиот гол против Џенова (2:1).

Со освоените три бода Милан остана на 4.место во Серија А. Миланезите имаат 21 бод, четири помалку од Наполи и Интер и 10 од лидерот Јувентус.

МИА

loading...