вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 191
home Фудбал

Рома се засили со напаѓач вреден 40 милиони евра

Рома се засили со напаѓач вреден 40 милиони евра

Тами Абрахам пристигна во Рим на медицинските прегледи пред да ја засили Рома, а навивачите го дочекаа со песна на аеродромот во главниот град на Италија.

Абрахам долго се мислеше дали да ја прифати понудата на Рома и на крајот сепак одлучи да игра во Серија А и покрај понудата од Арсенал да остане во Премиерлигата.

Се очекува Абрахам да биде член на Рома до 2026 година со плата од 4 до пет милиони евра годишно. Трансферот ќе му донесе на Челзи 40 милиони евра, плус предвидени бонуси од пет милиони евра.

Локални избори 2021