понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 14
home Фудбал

Рома нуди 12 + 3 милиони евра за Смолинг, Манчестер бара 18 милиони

Рома нуди 12 + 3 милиони евра за Смолинг, Манчестер бара 18 милиони

Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома сè уште е заинтересирана да го откупи дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг.

Според информациите објавени од новинарот на „Ла газета дело спорт“, Николо Скири, римјаните нудат 12 милиони евра за 29-годишен фудбалер, плус три милиони бонуси.

Од друга страна, англискиот клуб сака да заработи од продажбата на играчот 18 милиони.

Рома сака да склучи договор со Смолинг со важност до 2024 година. Платата на Англичанецот би била 3,2 милиони евра годишно.