четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Фудбал

Рома на лето се разделува со Џеко

Рома на лето се разделува со Џеко

Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома сака да ја заврши соработката со босанскиот напаѓач Един Џеко на крајот од сезоната, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Џеко (35) има важечки договор со Рома до јуни 2022 година, но според медиумите, неговата годишна плата од 7.5 милиони евра е голем финансиски товар за прволигашот од Рим.

Менаџерот на босанскиот репрезентативец во најскоро време ќе седне на преговарачка маса со генералниот директор на Рома, Тиаго Пинто, во обид двете страни да најдат заемно прифатливо решение за евентуално продолжување на соработката.

Џеко игра во Рома од 2016 година.

Коронавирус