среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома има намера да го продолжи договорот со Мхитаријан

Рома има намера да го продолжи договорот со Мхитаријан

Калчолигашот Рома има намера да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Хенрих Мхитаријан. Римјаните ќе ја искористат опцијата за продолжување на договорот на 31-годишниот Ерменец на една година (сегашната истекува во летото 2021 година), објави на Твитер новинарот Николо Скира.

Во зима, Римјаните се подготвени да разговараат за нов договор со агентот на играчот Мина Рајола. Рома е дури подготвена да му понуди договор на Мхитаријан до 2023 година.

Мхитаријан постигна пет гола на осум натпревари од сезоната 2020/2021 во италијанскиот шампионат, сите пет на последните два меча (во последното коло постигна хет-трик). Покрај тоа, ерменскиот фудбалер направи четири асистенции и е лидер во Серија А во оваа статистичката категорија. (МИА)

Коронавирус