петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 49
home Фудбал

Ромa го отпушти Ди Франческо

Ромa го отпушти Ди Франческо

Италијанскиот клуб Рома официјално објави дека се разделува со тренерот и поранешен играч на тимот, Еузебио ди Франческо. Веста за смената на експертот доаѓа ден по елиминацијата на „волците“ од Лигата на шампионите. Рома загуби со 1:3 по продолженија на гостувањето кај Порто во реваншот од осминафиналето и го напушти турнирот, иако победи со 2:1 во Рим.

Одлуката за ослободување на Ди Франческо од функцијата е донесена за време на вонредната средба меѓу директорите Мончи, Мауро Балдисони и Гвидо Фиенга, тврди „Скај Спорт Италија“.

Во 87 официјални средби под водство на Ди Франческо, Рома забележа 46 победи, 18 реми и 23 порази. Ди Франческо ги презеде „волците“ во текот на летото на 2017 година и во текот на минатата сезона го изведе тимот до полуфиналето на Лигата на шампионите. Оваа сезона сепак не почна добро за римскиот тим, кои се надвор од топ 4 во Серија „А“ до денес, загубија со 1:7 од Фиорентина во четвртфиналето во Купот на Италија, а минатата сабота претрпеа болен пораз со 0:3 од Лацио во градското дерби.

Се очекува за привремен тренер на Рома да биде назначен 67-годишниот Клаудио Раниери, кој неодамна беше ослободен од Фулам. Раниери веќе ги предводеше Римјаните – помеѓу септември 2009 и февруари 2011 година. Во 2016 година искусниот стратег го изведе Лестер Сити до сензационално освојување на титулата на Англија, но во февруари 2017 „лисиците“ го отпуштија поради слаби резултати.