понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 41
home Фудбал

Ројс по победата над Баерн: Чест беше да играм во овој меч

Ројс по победата над Баерн: Чест беше да играм во овој меч

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс кој постигна 2 гола во победата од 3:2 против шампионот Баерн Минхен во дербито на Бундеслигата вчера, по дуелот изјави дека било чест да игра во дербито.

Тој го прокоментира и вториот свој гол на мечот против баварците.

– Тоа беше одличен натпревар, и неверојатно е дека имав чест да играм во него. Мојот втор гол? Тој шут или ќе завршеше во Јужната трибина или во мрежата. Јас сум среќен со тоа каде заврши топката. Тоа беше неверојатен дуел, рече Ројс.

По мечот, тимот на Лусиен Фавре е на чело на табелата со 27 поени по 11 кола, додека Баерн има 20 на третото место.

Коронавирус