Фудбал Средба

Родриго ќе разговара за својата иднина со новиот тренер на Реал Мадрид

Родриго (24) има освоено три титули во Шпанија и двапати Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Родриго ќе разговара за својата иднина со новиот тренер на Реал Мадрид

Родриго ќе разговара за својата иднина во Реал Мадрид со новиот тренер на главниот град, Чаби Алонсо. Средбата меѓу двајцата ќе се одржи во многу блиска иднина, објави весникот „АС“ денеска.

Крилниот напаѓач сè уште не знае дали ќе остане во тимот на 15-кратниот европски клупски шампион по заминувањето на Карло Анчелоти.

Англиските клубови Манчестер Јунајтед и Арсенал се заинтересирани за бразилскиот репрезентативец, кој е дел од тимот на „белите“ во последните шест сезони.

Родриго (24) има освоено три титули во Шпанија и двапати Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Договорот на Бразилецот со тимот од Мадрид е со важност до 30 јуни 2028 година.

To top