вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 81
home Фудбал

Роберто Манчини останува селектор на Италија до 2026 година

Роберто Манчини останува селектор на Италија до 2026 година

Фудбалскиот тренер Роберто Манчини потпиша нов договор со италијанската фудбалска федерација, со кој останува селектор до 2026 година.

Ова значи дека Италијанците планираат нивен селектор и на следните два Мундијали, во Катар 2022 и Северна Америка во 2026 година, како и на европските првенства годинава и во 2024 да биде Манчини.

„Многу сакаме да освоиме некој голем трофеј, но не е лесно. Пред три години почнавме со работа и веќе имаме добри резултати. На големите натпреварувања не е доволно само да имате добар тим, туку треба и малку среќа“ – изјави селекторот Манчини.

Последниот пораз им е во септември 2018 година од Португалија во Лигата на нации. Но, Италија не била европски првак уште од далечната 1968 година, а последна светска титула им е онаа од 2006 година.Манчини откако седна на клупата на Италија, има 19 победи, 7 нерешени и само два порази.

ЕУРО 2020

Македонија