петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Роберто Карлос не сака да го споредуваат со Лук Шо

Роберто Карлос не сака да го споредуваат со Лук Шо

По одличната партија против Украина, Англичаните почнаа да го споредуваат Лук Шо со Роберто Карлос, Бразилецот иако има пофалби за англискиот фудбалер, не сака споредби.

Запрашан дали гледа сличности меѓу неговата игра и таа на Шо, Роберто Карлос одговори: „Не сакам споредување“.

„Тоа се два комплетно различни периоди во фудбалот. Јас имав свој период, сега тој има свој период. Сличностите можеби се неговата сила и желба за победа“.