петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Робен повторно на терените

Робен повторно на терените

Холандскиот некогашен репрезентативец Аријен Робен се врати на терените по пауза од неколку месеци.

Аријен Робен ги одигра последните 15-тина минути од мечот на кој неговиот Гронинген загуби дома од Херенвен со 0-2.

Робен кој низ целата богата кариера во Челзи, Реал и Баерн, се мачи со повреди, се врати и од пензија и имаше голема желба повторно да продолжи да игра но и во овој период од кариерата повредите повторно не успеаа да го прескокнат.

Ветеранот немаше играно уште од 18-ти октомври наваму. Во февруари тој изјави дека не е сигурен дека повторно ќе заигра, но ете и тоа се случи попладнево.

Во финишот на мечот, тој имаше шанса за гол, но малку не погоди.

Коронавирус