среда, 18. септември 2019. Вести денес: 1
home Фудбал

Ривалдо со тешко обвинување за Меси

Ривалдо со тешко обвинување за Меси

Поранешната sвезда на Барселона, Ривалдо го обвини Лионел Меси за неуспехот на неговиот сонародник, Филипе Кутињо на „Камп Ноу“.

Бразилецот не успеа да се докаже и веќе замина во Баерн (Минхен), а според Ривалдо, Меси има голема вина за тоа.

-Не е лесно да се докажеш заедно со фудбалер, од кој зависи сè во еден тим. Тој ги собира заслугите и тешко е да бидеш забележан. Можеби му беше потребно повеќе време и трпеливост за да се докаже, објасни Ривалдо.