среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 181
home Фудбал

Ривалдо: Меси ќе остане во Барселона, посреќен со Лапорта,

Ривалдо: Меси ќе остане во Барселона, посреќен со Лапорта,

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Ривалдо е уверен дека Лионел Меси ќе остане во Барселона.

Ривалдо го носеше дресот на каталонскиот клуб од 1997 до 2002 година и во тој период беше најдобар фудбалер во светот.

– Барселона напредуваше во последните недели, Меси е во одлична форма, а на тоа влијаеше и претседателската смена во клубот. Меси изгледа посреќен откако Жоан Лапорта се врати, тоа е човек кој добро го познава. Поради тоа верувам дека големи се шансите Меси да остане и да потпише нов долгогодишен договор, изјави Ривалдо.

Аргентинецот Меси има договор со Барселона до крајот на јуни годинава.

Локални избори 2021