петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ристовски: Следи цврст натпревар на кој треба да ги извлечеме добрите работи

Ристовски: Следи цврст натпревар на кој треба да ги извлечеме добрите работи

Во име на фудбалерите зборуваше десниот бек Стефан Ристовски. Играчот кој играше како десен стопер на првата средба со Австрија потенцира дека следи цврст меч, на кој мора да се биде перфектен за да се победи.

„Ние сме професионалци, не смееме да дозволиме еден пораз да ни ја урне атмосферата. Првпат сме на големо натпреварување и немаме време ниту да тагуваме, ниту да се радуваме за нешто. Пред нас имаме уште два натпревари. Сега следи еден цврст натпревар од кој треба да ги извлечеме добрите работи. Украина е добар тим, ние ќе се обидеме да им парираме и да добиеме трите бода. Со Австрија имавме доста анализи, но не изненадија со нова тактика. Мора да бидеме одлични со Украинците, да поставиме два блока при нивните напади“, изјави Ристовски.

Фудбалерот на Динамо  играше на десната стоперска позиција на натпреварот со Австрија. На прашањето која позиција повеќе му годи, дали таа, или стандардната бековска крилна позиција, тој одговори:

„Кога се работи за националниот дрес, не гледам на која позиција ќе играм. Селекторот одлучува на која позиција ќе играм, така што мислам дека се потрудив да одговорам да дадам максимум на таа позиција. Важно е екипата да функционира како што треба. Тоа е наша предност“, заврши репрезентативецот.

Коронавирус