петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ристовски: Должни сме да ги израдуваме македонските навивачи, спремни за борба со Украина

Ристовски: Должни сме да ги израдуваме македонските навивачи, спремни за борба со Украина

Дефанзивецот на македонската репрезентација и играч на Ујпешт, Кире Ристовски смета дека еуфоријата и емоциите биле огромни во борбата да се одигра натпреварот со Австрија.

-Секако дека воопшто не беше лесно, да се одигра овој натпревар особено откако на стадионот ја слушнавме македонската химна. Емоциите преовладаа кај сите фудбалери и своевидно во еден грч го започнавме натпреварот. Мислам дека одигравме одлично , можеби не како што уверува резултатот но секако бевме одличен противник, и не заслуживме да загубиме. Не се мешам во одлуките на селекторот, но доколку добиев шанса без спремен 100% да одговорам на обврските, но како и да е сите што настапија, изгинаа за македонскиот дрес, истакна Ристовски.

Ристовски смета исто така дека Македонските репрезентативци имаат должност да ги израдуваат Македонските навивачи, со барем една победа и се заблагодари за атмосферата која ја направија нашите навивачи.

-Атмосферата која ја направија нашите навивачи, беше феноменална едноставно човек да се наежи , чувствуваме должност да се одолжиме за сето ова со победа во следниот натпревар против Украина. Очекувам Украина да биде агресивна, тие се слична репрезентација како Австрија. Следуваат анализи за овој дуел и ќе видиме што како за анализите со селекторот. Треба да бидеме спремни на борба и агресивност, порача Ристевски.

Коронавирус