четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 26
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Ридигер успешно ги минал медицинските прегледи, трансферот ќе биде објавен по финалето во ЛШ

Ридигер успешно ги минал медицинските прегледи, трансферот ќе биде објавен по финалето во ЛШ

Антонио Ридигер го извести Челси дека нема да го продолжи договорот со клубот од Лондон, откако не пронајде доволно трпение да ги сочека новите газди и да добие нова понуда за подолг престој на „Стемфорд Бриџ“.

Германскиот репрезентативец става крај на својата успешна етапа во Челси и до крајот на месецот ќе ги одигра последните натпревари во синиот дрес, но веќе познато е каде ќе ја продолжи кариерата.

Веднаш по информацијата дека го напушта Челси, се појавија сериозни гласини дека Реал Мадрид има преддоговор со стоперот, но оваа вечер, угледната „Марка“ излезе со ексклузива дека се договорени сите детали.

Медиумот близок до Реал Мадрид тврди дека Ридигер денеска ги минал медицинските прегледи со „кралскиот клуб“ и ставил потпис на договорот кој го обврзува на верност до 2026-та година.

Во веста на „Марка“, се напоменува дека на официјалната потврда од Реал ќе се почека неколку седмици, односно трансферот ќе биде соопштен по крајот на финалето во Лигата на шампионите кое се игра на 28-ми мај.

Коронавирус