вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 57
home Фудбал

Ридигер избркан од тренинг од страна на Тухел

Ридигер избркан од тренинг од страна на Тухел

Поразот на Челси од Вест Бромвич Албион предизвика дополнителни проблеми во составот на Томас Тухел, па менаџерот на последниот тренинг морал да се справи и со тензија меѓу двајца фудбалери.

Антонио Ридигер и Кепа Аризабалага најпрвин имале жесток вербален дуел, а евентуалната физичка пресметка била спречена од соиграчите .

Тренингот завршил порано за германскиот дефанзивец, кој бил испратен во соблекувалната за да се смири, додека Кепа останал на теренот со соиграчите.

Британски „Телеграф“ тврди дека Ридигер му се извинил на Кепа и подоцна тензијата била смирена, а Германецот ја презел вината поради грубиот старт за време на тренинг натпреварот на кој настапиле двајцата.

Истиот извор пренесе дека веднаш по поразот на Челси, тешки зборови паднале и меѓу Аспиликуета и Џејмс.

ЕУРО 2020

Македонија