сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 40
home Фудбал

Рибери на крајот од сезоната го напушта Баерн Минхен

Рибери на крајот од сезоната го напушта Баерн Минхен

Поранешниот репрезентативец на Франција, Франк Рибери, по завршувањето на сезоната ќе замине од Баерн, потврди генералниот менаџер на клубот од Минхен, Ули Хенес.

Рибери во Минхен пристигна во 2007 година од Олимпик Марсеј. За 12 години со Баерн успеа да освои 21 трофеј, вклучувајќи го и оној од Лигата на шампионите во 2013.

Францускиот ас иако има 36 години нема намера да стави крај на кариерата. Тој добил понуда од Галатасарај, чии дрес го носеше во минатото, а за него се заинтересирани неколку екипи од Кина и од САД, како и од Саудиска Арабија.

Коронавирус