сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ресторани во Париз нудат бесплатна пица за секој гол на Буфон

Ресторани во Париз нудат бесплатна пица за секој гол на Буфон

Два ресторана во француската престолнина објавија необична акција, која е малку веројатно да биде одобрена од љубителите на фудбалот. Според „Л’Екип“ рестораните објавија дека ќе им понудат на своите посетители бесплатна пица за секој гол постигнат од голманот на ПСЖ Џанлуиџи Буфон.

Иако на фудбалските натпревари неретко се случува голман да се запише во листата на стрелците, за Буфон тоа не важи. Италијанецот во текот на неговата кариера одиграл 879 натпревари и на ниеден од нив не постигнал гол.

40-годишниот Буфон не ја погодил целта ниту во дресот на Парма, ниту во Јувентус, а немал можност да биде стрелец ниту за време на настапите на италијанските селекции почнувајќи од У-16 па се до сениорската.

Можеби, Џиџи во дресот на ПСЖ ќе реализира ако му дозволат да изведе некој пенал, слободен удар, или евентуално при прекин во последните минути кога често сме сведоци како голманите се селат во противничкиот шеснаесетник.

Истите ресторани, слично се пошегуваа за време на Светското првенство најавувајќи дека ќе ги почестат сите посетители со бесплатен ручек за секоја победа на италијанскиот тим. Италијанците, воопшто не се пласираа на Мундијалот. Оваа шега погоди многу фанови, а еден од рекламните банери во ресторанот насилно беше симнат.

Коронавирус