понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 57
home Фудбал

Репрезентативниот голман на Србија се откажува од српскиот пасош откако прими гол од Црвена Ѕвезда (ВИДЕО)

Репрезентативниот голман на Србија се откажува од српскиот пасош откако прими гол од Црвена Ѕвезда (ВИДЕО)

Црвена Ѕвезда и Партизан вчера го одиграа вечното дерби број 158, а резултатот беше 1:1, црвено- белите од израмнување дојдоа со контроверзен погодок. Голот кој го постигна Црвена Ѕвезда сепак беше регуларен.

Голманот на српската репрезентација Владимир Стојковиќ не можеше да ги сокрие емоциите после мечот, па порача дека ќе се откаже од српското државјанство.

-Срамно! Срамно! Прв пат во живот ми е срам што сум државјанин на оваа земја. Ќе се откажам утре од српскиот пасош. Ова никогаш не се случило. Мораш 300 проценти да биде сигурен дека топката поминала. Тој прво не гледаше од мене, јас ја извадив топката. Секоја чест за играчите на Ѕвезда, но ова денеска што го видовме, прв пат ми е срам што сум жител на оваа држава, кажа Стојковиќ видно нервозен после дербито.

Погледнете ги најинтересните моменти од дербито: