понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 65
home Фудбал

Ренџерс подобар од Селтик во големото шкотско дерби

Ренџерс подобар од Селтик во големото шкотско дерби

Синиот дел на Глазгов слави – Глазгов Ренџерс извојува победа над големиот ривал Селтик, во првото овосезонско вечно дерби на шкотскиот фудбал.

Во рамки од четвртото коло на Премиершип, шампионот ја продолжи победничката серија на легендарното „Олд Фирм“ дерби и со 1-0 го совлада градскиот ривал.

Човек на одлука беше Хеландер, откако во 66. минута на асистенција на Баришиќ го постигна единствениот гол на дербито.

Со оваа победа Ренџерс се искачи на третото место на табелата со девет бода, додека Селтик падна на шестата позиција со две победи и два порази.

Локални избори 2021