вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 17
home Фудбал

Ремонтот започнува: Реал Мадрид доби понуда за Тони Крос

Ремонтот започнува: Реал Мадрид доби понуда за Тони Крос

Германскиот репрезентативец Тони Крос во текот на летото би можел да си замине од редовите на Реал Мадрид.

Зинедин Зидан најави ремонт во екипата, па многу искусни фудбалери би можеле да го напуштат „Сантијаго Бернабеу“ во пресрет на наредната сезона. Еден од нив е 29-годишниот играч за врска, за кого веќе има понуда од страна на европски гигант.

Се работи за ПСЖ кој посакува да го освежи средниот ред и да доведе неколку нови имиња со цел да оствари европски успех. Германецот ќе добие повисока плата, а „кралевите“ од трансферот би инкасирале 68 милиони фунти.

Крос одигра значајна улога во шампионските години на мадриѓани чиј дрес го носи од 2014 година. Оваа сезона е далеку од својата препознатлива форма што е дополнителна причина за размислувањето на управата да се раздели со него.

Зизу повеќе би сакал да го задржи Лука Модриќ кој заедно со Касемиро и уште едно летно засилување би го сочинувале средниот ред во наредните неколку години.

Извор: gol.mk