понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Фудбал

Реми на првиот меч во Мадрид помеѓу Реал и Челзи

Реми на првиот меч во Мадрид помеѓу Реал и Челзи

Реал Мадрид и Челзи одиграа реми со по еден гол 1-1, во рамките на првиот дуел од полуфиналето во фудбалската Лига на шампионите.

Избраниците на Томас Тухел одиграа одличен натпревар, се надигруваа и беа рамноправни со поискусниот и најтрофеен тим во ова натпреварување.

Иако рано поведоа преку Пулишиќ, гостите од Лондон можеа и поубедливо да водат. Сепак, Бензема погоди за израмнување, а потоа темпото на игра опадна и екипите одиграа реми на првиот меч во Мадрид.

Реванш дуелот од полуфиналниот двомеч е закажан за осум дена на „Стемфорд Бриџ“, а Челзи со активен резултат и гол на гости ќе го дочека Реал.

 

 

Коронавирус