вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 15
home Фудбал

Рекорди за Салах и Фирмино во Премиер Лигата

Рекорди за Салах и Фирмино во Премиер Лигата

Ѕвездите на Ливерпул, Мохамед Салах и Роберто Фирмино поставија рекорд во Премиер лигата при победата над Борнемут со 3:0 во мечот од 34 коло.

Дваесет и пет-годишниот Салах постигна гол во 69-тата минута против „црешите“ и стана првиот Африканец со 30 гола во рамките на една сезона во англиската елита. Досегашниот рекорд беше во сопственост на Дидие Дрогба (Брегот на слоновата коска), кој имаше 29 погодоци во сезоната 2009/10 за Челзи.

Фирмино беше прецизен во последната минута од натпреварот и со 15 гола од почетокот на првенството стана Бразилецот со најмногу погодоци во една сезона во Премиер Лигата. 26-годишниот напаѓач на Ливерпул го подобри рекордот на Робињо, кој во 2008/09 постигна 14 гола за Манчестер Сити.

МИА

Коронавирус