недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Фудбал

Рекордерот Кејн: Какво чувство, остана само уште еден натпревар

Рекордерот Кејн: Какво чувство, остана само уште еден натпревар

Селекцијата на Англија ја доби пресметката со Данска и избори место во големото финале на Европското првенство.

Клучниот момент се случи во првото продолжение во кое Хари Кејн реализираше за 2-1, резултат кој на крајот се покажа како конечен на „Вембли“. Ова за Хари беше десетти гол за националниот тим на големите турнири со што се израмни на врвот со Гери Линекер.

-Избрав страна и шутирав, тоа не беше најдобро изведен пенал. Понекогаш ќе промашите, ама ќе ви се врати. За среќа тоа се случи. Секоја чест за Данска. Моравме длабоко да копаме за да стигнеме овде. Добро реагиравме, дома сме во финалето, какво чувство ,-рече Кејн.

Во финалето „трите лава“ ќе се соочат со Италија, дуел во кој можат да испишат нова историја.

-Знаеме дека ќе биде тежок натпревар. Ова беше извонреден турнир за нас. Останува уште еден натпревар дома и едвај го чекаме, -заврши членот на Тотенхем.

Коронавирус